Свет 23. јануари 2020. / 17:49

ЕУ најави санкции за Лондон ако не спроведува царински проверки во Ирско море

ЕУ најави санкции за Лондон ако не спроведува царински проверки во Ирско море

Европската унија му се заканила на премиерот на Велика Британија Борис Џонсон со санкции доколку по Брегзит не ги спроведе договорените царински проверки во Ирското море, пишува британскиот весник „Индипендент“.

Весникот пишува дека откако британскиот премиер неколку пати истакнал дека таквите царински проверки не се потребни, портпаролот на преговарачот на Европската унија за Брегзит, Мишел Барние, Штефан Де Ринк, порачал дека Брисел нема да толерира половична работа или неисполнување на договореното.

– Оваа година не само што ќе биде година на нашите идни односи, туку и на спроведувањето на договорот за повлекување, особено во однос на Северна Ирска. Треба да бидеме особено дисциплинирани за да можеме да постигнеме (трговски договор) во рок од 11 месеци и Велика Британија да ги примени (граничните) контроли за кои се согласи – изјавил портпаролот Штефан Де Ринк на настанот што се одржа во Лондон.