Свет 25. мај 2018. / 15:36

ЕУ и НАТО до Русија: Признајте ја вината за падот на малезискиот авион

ЕУ и НАТО до Русија: Признајте ја вината за падот на малезискиот авион

ЕУ и НАТО ја повикаа Русија да ја признае одговорноста за рушење на малезискиот патнички авион МХ17, кој е соборен со руска ракета над Украина во 2014.

Во две одвоени соопштенија ЕУ и НАТО ја повикаа Русија да ја признае одговорноста и да соработува со нив во напорите за утврдување на виновникот за соборување на авионот на авиокомпанијата Малезија Ерлајнс.

ЕУ ја повика Русија да ги признае заклучоците од меѓународниот истражувачки тим, дека руската ракета го срушила авионот над источна Украина, пред четири година.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини во соопштението рекла дека оние кои се одговорни за нападот во кои загинаа 298 луѓе, треба да одговараат, и дека од заклучоците на заедничкиот истражувачки тим, јасно се покажува дека ракетниот систем кој е користен, припаѓа на вооружените сили на Русија.

Авионот на малезиската компанија на релација Амстердам-Куала Лампур е соборен на 17 јули 2014 година, над источна Украина, каде денеска се наоѓаат проруските бунтовници. Загинаа сите 298 патници и членови на екипажот. Повеќето патници биле од Холандија.