Свет 13. септември 2018. / 10:58

ЕУ ги продолжи санкциите за поединци и компании во Русија

ЕУ ги продолжи санкциите за поединци и компании во Русија

Европската Унија ги продолжи за шест месеци санкциите за руските и украинските поединци и компании кои ја „поткопаа независноста” на Украина, соопшти Европскиот совет.

ЕУ со овој потег продолжува да ги блокира сметките и патните ограничувања за 155 лица и 44 компании, потсетува Ројтерс.

„Процената на ситуацијата не го оправдува менувањето на режимот на санкции“, соопштија од Европскиот совет.

Санкциите беа воведени за првпат во март 2014 година, откако Русија го припои полуостровот Крим, а оттогаш се продолжуваат на секои шест месеци.