Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција нема намера да ја прекине соработката со Русија, САД или Иран поради тензиите околу Сирија.
„Никој нема право во Средоземјето или во Сирија да распламнува пожар – воен и политички конфликт. Турција нема намера да ја напушти заедничката соработка со нашите сојузници САД, како и стратешките односи со Русија или соработката со Иран“, изјави Реџеп Таип Ердоган.
Според турскиот претседател, Анкара сака да го „остави на страна театралниот настап во Сирија и Ирак“.