Свет 06. октомври 2020. / 22:45

Ердоган утре во посета на Катар и на Кувајт

Ердоган утре во посета на Катар и на Кувајт

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган утре ќе ги посети Катар и Кувајт, соопшти неговиот Кабинет.

Како што е наведено во соопштението, Ердоган ќе се сретне со катарскиот емир Тамим бин Хамад ал-Тани и новиот владетел на Кувајт, емирот Наваф ал-Ахмад ал-Сабах.

Странските агенции оценуваат дека посетата на Катар, една од ретките арапски земји што ја поддржува турската интервенција во Либија на страната на владата во Триполи, е особено важна.