Свет 01. август 2018. / 20:53

Ердоган: Турција повторно ќе ја врати смртната казна

Ердоган: Турција повторно ќе ја врати смртната казна

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган навести дека Турција наскоро би можела повторно да ја воведе смртната казна.Ердоган, присуствувајќи на погребот на жената која со нејзиното единаесетмесечно бебе беше убиена при експлозија на бомба во близина на границата со Ирак, рече дека Турција ќе се продолжи да се бори против курдските бунтовници, што турските власти ги сметаат одговорни за нападот.

Жената на 24-годишна возраст загина вчера со синот во експлозија на бомба поставена покрај патот кога се враќаше од посета на сопругот, наредник во турската војска. Таа загина на местото на настанот, додека детете им подлегна на повредите во болница.

Ердоган на погребот во градот Сивас во централна Турција, рече дека борбата против забранетата Курдска работничка партија ќе продолжи се додека постои макар и еден терорист.

Одговарајќи на повиците на собраните да се воведе смртна казна, турскиот претседател истакна дека нема да се двоуми да ја одобри најстрогата казна доколку парламентот усвои таков закон. Тој додаде дека чекорите што Турција ги презема по тоа прашање се блиску.

Во Турција немало погубување од 1984 година. Земјата и официјално ја укина смртната казна во 2004 година, во рамки на напорите да се приклучи кон Европската Унија.