Свет 07. октомври 2018. / 17:31

Ердоган: Турција повеќе нема да позајмува пари од ММФ

Ердоган: Турција повеќе нема да позајмува пари од ММФ

Властите во Турција немаат намера повеќе да земаат кредити од Меѓународниот монетарен фонд, изјави денеска претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Модерна Турција нема потреба од заеми и техничка поддршка од ММФ, изјави Ердоган.

Според него темата за кредитирање од ММФ е затворена еднаш засекогаш.

Во 2013 година Турција го исплати на ММФ последниот заем земен од тој фонд.