Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека разговарал со рускиот и украинскиот колега, Владимир Путин и Петро Порошенко за можноста да биде посредник во смирувањето на тензиите меѓу Москва и Киев во Азовското Море.
Тој ова го изјави по одвоените телефонски разговори со Путин и Порошенко, објави агенцијата АП.
– Дали може ли да ја преземеме улогата на посредник? Разговаравме за тоа со двете страни. – рече Ердоган.
Меѓу Русија и Украина во неделата избија тензии кога руските сили запленија три украински бродови во Црното Море, по што Киев наметна воена состојба во пограничните области.