Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека наредбата за убиството на новинарот Џамал Кашоги стигнала од највисоко ниво на саудиските власти.
Тој за „Вашингтон пост“ додал дека ниту за секунда не поверувал дека кралот Салман го наредил убиството.
Ердоган предупредил декадолгогодишното пријателство меѓу Анкара и Ријад не значи дека Турција ќе го игнорира ова планирано убиство на своја територија.
-Никој повеќе да не осмели да изврши такво злосторство на територија на сојузник на НАТО, инаку ќе има многу сериозни последици- предупреди Ердоган.