Свет 23. септември 2018. / 17:39

Ердоган: Ќе ги зајакнеме економските односи со Германија

Ердоган: Ќе ги зајакнеме економските односи со Германија

„Приоритет во агендата на мојата посета на Германија ќе биде целосно напуштање на нашите политички односи од изминатите години“, изјави Ердоган, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Турскиот претседател истакна дека посетата е чекор кон зајакнување на економските односи за взаемна корист.

Ердоган планира да ја посети Германија меѓу 27 и 29 септември, а претходно ќе присуствува на седницата на Генералното собрание на ОН во Њујорк, која започнува на 24. септември.

Односите меѓу Германија и Турција се влошија по обидот за државен удар во Турција во 2016 година, по што беа уапсени десетици илјади луѓе, вклучително и некои германски државјани.