Свет 07. септември 2018. / 19:20

Еквадор го погоди силен земјотрес – луѓето истрчаа на улица

Еквадор го погоди силен земјотрес – луѓето истрчаа на улица

Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди утрово Еквадор, при што едно лице е повредено, а околните области останале без струја.

Овој земјотрес предизвикал помали последователни потреси.

Епицентарот е регистриран на 94 километри јужно од градот Амбато, на длабочина од 112 километри, информираше Геолошкиот завод на САД.

Одрони ги загрозуваат патиштата, а потресот е почувствуван и во престолнината Квито која е дом на 1.7 милиони жители, како и во индустриско-пристанишниот град Гвајакил, каде луѓето истрчале на улица.

Земјотресот уништил електрични кабли оставајќи ги без струја областите Пуертас Неграс, Гуано и Чунчи.

Уште нема извештаи за жртви или за штети.