Свет 06. октомври 2018. / 19:34

Експлодира гасовод во Истанбул (ФОТО)

Експлодира гасовод во Истанбул (ФОТО)

Во реонот на истанбулското предградие Силиври денеска експлодира гасовод за време на изградбата на пат, објави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк.

Експлозијата предизвика голем пожар. На местото на инцидентот се испратени многу противпожарни возила. Засега нема информации за загинати или повредени луѓе.

Причината за експлозијата се уште не е позната.