Свет 12. септември 2020. / 11:45

Експертот за заразни болести Фаучи контра Трамп

Експертот за заразни болести Фаучи контра Трамп

Главниот експерт за заразни болести на американската Влада, Ентони Фаучи, изјави дека не се согласува со проценката на претседателот Доналд Трамп дека САД го минале најлошото со пандемијата на коронавирусот, истакнувајќи дека статистичките податоци се вознемирувачки.

Директорот на Националниот институт за алергија и заразни болести, посочи дека во САД сезоната на грип почнува со околу 40.000 нови случаи дневно, а бројот на смртни случаи во просек изнесува околу 1.000 на ден.

Трамп, кој призна дека ја намалил сериозноста на вирусот откако се појави на почетокот на оваа претседателска изборна година, завчера изјави дека верува оти кризата во САД минува.

Не се согласувам со тоа, затоа што ако ја погледнете работата што штотуку ја спомнавте-статистиката … таа е вознемирувачка – изјави Фаучи за МСНБЦ.

За него е многу важно да се намали стапката на инфекција пред есенската и зимската сезона, кога луѓето ќе минуваат повеќе време во затворени простории.

Прашан за собирите на отворено Фаучи истакна дека и тие се „апсолутно“ ризични.

Само затоа што сте на отворено не значи дека сте заштитени, особено ако сте меѓу луѓе и не носите маска – порача Фаучи.