Најмалку 11 лица се обвинети за напад врз џамија и поставување експлозиви во неколку трговски центри. Според судот, напаѓачите се следбеници на Даеш.
Јавното обвинителство од Верулам, Дурбан, вели дека во истрагата во живеалиштата на напаѓачите пронајдени се осум знамиња на Даеш, како и печатени информатори.
Кај напаѓачите биле пронајдени и упатства за составување бомби и инструкции за атентати.
Осомничените се обвинети за напад во џамија каде прободеле три лица, од кои едното починало, како и за поставување експлозивни направи во три продавници во трговски центри, со цел да изнудат пари од сопствениците.
Муслиманите од Јужна Африка сочинуваат 3 проценти од вкупното население од 55 милиони, а се главно муслимани кои се противат на екстремизмот, но во последните неколку години неофицијални извори велат дека голем дел од младата популација се приклучува кон овие групи како ИСИС.