Свет 01. јули 2018. / 22:55

Еден загинат и деветмина повредени во експлозија на брод на Бахами

Еден загинат и деветмина повредени во експлозија на брод на Бахами

Едно лице загина, а деветмина се повредени во експлозија на брод на Бахами. Повредените се пренесени во болници на Флорида и на Бахами, информираше крајбрежната стража и полициските сили на Бахами.

Шанта Ноулс, надзорник на полицијата на Бахами потврдила на NBC News дека една Американка загинала во експлозијата, но нејзиниот идентитет не се открива додека не биде известено семејството.

Десет Американци и двајца Бахамци биле на бродот во време на експлозијата. Четворица се префрлени во болница во Флорида, а петмина се хоспитализирани на Бахами. Двајца од туристите на бродот не се повредени.

„Инспекторите сé уште се обидуваат да утврдат што се случило”, рече Ноулс за експлозијата.