Поранешниот американски претседател Џорџ Буш е примен во болница за инфекција. Ова се случи неколку дена по смртта на неговата сопруга Барбара, објави Би-Би-Си.
Портпаролот на семејството рече дека поранешниот претседател имал позитивен одговор на третманот.
93-годишниот политичар беше примен во болница во Хјустон во неделата изутрина.
Џорџ Буш – беше претседател на САД од 1989 до 1993 година. Исто така, претседател беше и неговиот син Џорџ Буш Џуниор.
Барбара Буш почина минатиот вторник и беше погребана во саботата. Џорџ и Буш беа во брак 73 години.