Свет 28. октомври 2019. / 18:04

Две лица повредени во пукотница пред џамија во Франција

Две лица повредени во пукотница пред џамија во Франција

Две лица се повредени во пукотница пред џамија на југот од Франција, пренесуваат медиумите.

Инцидентот се случил во местото Бајон, кое припаѓа на регионот Нова Аквитанија.

Како што пренесуваат локалните медиуми, осомничениот се обидел да фрли молотов коктел врз џамијата, а забележана е и помала експлозија.


„Ле Парисиен“ јавува дека е уапсен извесен Клауде С. кој е осомничен за пукањето.

Уапсен е во својот дома. Имал гас-маска и оружје кое било пронајдено во неговиот автомобил,

Досега не и бил познат на полицијата и разузнавачките служби, а ја признал вината за нападот.