Во петокот, околу 6 часот утрината, во кампот на подрачје на Истра, за време на бурата, гром удрил во шатор на двајца германски туристи.
Според соопштението на полицијата 33-годишната Германка и нејзиниот 32-годишен партнер биле во шаторот кога удрил гром.
Жената се здобила со тешки телесни повреди и изгореници од прв степен и била реанимирана на местото на настанот. Двајцата се префрлени во блница во Пула.