Двајца германски дипломати, вработени во амбасадата на Германија во Москва, се прогласени за „персона нон грата“ и донесена е одлука тие да ја напуштат Русија, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Таквиот потег следува откако Германија протера руски дипломати од Берлин поради наводна вмешаност во убиството на еден грузиски државјанин во август оваа година.
Како што соопшти руското министерство, дипломатите имаат рок од седум дена да ја напуштат Русија.
Во меѓувреме, германскиот амбасадор во Москва, Геза Андреас фон Геир е повикан во руското МНР на разговор, каде што ќе биде информиран за реципрочните мерки преземени против германските дипломати.