Свет 03. јули 2019. / 19:52

Драма во Лондон: Авион прогласил вонредна состојба и сеуште е во воздух

Драма во Лондон: Авион прогласил вонредна состојба и сеуште е во воздух

Авион кој летал на релацијата Лондон – Бангалор прогласил вонредна состојба само 14 минути по полетувањето од аеродромот Хитроу.

Според првичните информации Боингот 777 во 15-30 часот по локално време го напуштил аеродромот Хитроу, непосредно откако пилотот известил дека постои проблем поради кои бара дозвола за враќање.

За девет минути авионот се спуштил на околу 3000 метри помала височина и во моментов кружи над Ламанш и чека дозвола за враќање на аеродромот.

Причината е сеуште непозната за прогласувањето на вонредната состојба,а се шпекулира дека пилотот и копилотото носат маски за кислород.

Спутник пренесува дека овој авион требало да полета во 14 – 15 часот но полетувањето било одложено за еден час.