Свет 02. октомври 2019. / 15:00

Драма пред седиштето на ЕК во Брисел: Маж се поли со бензин

Драма пред седиштето на ЕК во Брисел: Маж се поли со бензин

Маж кој извикувал обвиненија за наводна корупција во ЕУ, се поли со течност и се заканувал дека ќе се запали пред седиштето на Европската комисија во Брисел.

Краткиот протест пред канцеларијата на Европската комисија околу пладне, се заврши кога пожарникарите ги протераа демонстрантите, а полицијата му ја одзема течноста која ја имал со себе, пренесе АП.

По терористичките напади во 2016 година во Брисел, мерките за безбедност околу седиштето на ЕУ се зголемени.