Свет 14. април 2020. / 14:45

Дождот помага при гасењето на пожарот во близина на Чернобил

Дождот помага при гасењето на пожарот во близина на Чернобил

Дождот, што врне во областа на Чернобил, им помога на пожарникарите, кои веќе 11 дена се борат со голем пожар во непосредна близина на напуштената нуклеарна централа.

Како што соопштуваат од украинската државна служба за вонредни состојби, одделни жаришта во кои се зафатени треви и шуми во четири шумски области во регионот сè уште тлеат.

И покрај дождливото време, хеликоптерите од противпожарната служба утрово исфрлиле уште 538 тони вода. Во борбата со стихијата учествуваат 415 лица со 98 единици техника.

Новата еколошка катастрофа ја погоди зоната на Чернобил на 4 април. Оттогаш, опожарени се 12 поранешни села, чии жители беа евакуирани по хаваријата во 1986 година. Безбедносните сили го приведоа осомничениот 27-годишен жител, кој ја запалил тревата во близина на напуштената фарма и потоа пламенот се прошири и зафатина голема површина,  Тој е обвинет за „уништување или оштетување на растителниот свет“.