Социјалистите во Шпанија соопштија дека ќе се откажат од обидите лидерот на партијата, Педро Санчез, да го изберат за нов шпански премиер доколку тој не го преживее гласањето за нова влада во текот на овој месец, со што ќе се зголемат шансите за оддржување нови парламентарни избори во земјата.
Соопштението на социјалистите ги зголеми тензиите во веќе и онака затегнатите односи меѓу најголемите политички партии во Шпанија, кои меѓусебно се обвинуваат за тоа што владата се уште не е формирана, ниту по два и пол месеци од изборите.
Најверојатно сојузник на социјалстите на следното гласање за избор на влада, на 23 јули, ќе биде крајно левата партија Подемос, иако нејзиниот лидер Пабло Иглесијас и Санчез синоќа не успеаја да се договорат за коалицирање, наведувата британските медиуми.
Санчез, кој беше премиер и на досегашната влада, на тоа гласање ќе мора да добие апсолутно мнозинство, од 176 гласа во Долниот дом на парламентот, за да може одново да стане премиер на земјата.
Доколку пратениците не го изберат, тој ќе има можност или да закаже ново гласање во септември или да дозволи да мине двомесечен период, по кој изборите по автоматизам би се распишале во ноември.