Свет 23. јули 2018. / 20:31

Дмитриј бил опседнат со канибализам – ја убил својата девојка, па го изел нејзиниот мозок

Дмитриј бил опседнат со канибализам – ја убил својата девојка, па го изел нејзиниот мозок

Дмитриј Лунчин (21) станал опседнат со канибализам откако читал за канибалот од Милвоки, Џефри Лајонел Дахмер, кој силувал и убил 17 деца и мажи меѓу 1978 и 1991 година. Неговите последни убиства вклучувале некрофилија и канибализам.

Лунчин ја убил својата 45-годишна девојка Олга Будунова, така што 25 пати ја удрил со шише вино во глава, но тоа не е се. Тој и ги извадил внатрешните органи, и го испржил мозокот и додека го јадел, ја пиел нејзината крв.

 

Зборувајќи и на полицијата за убиството, рекол: “Ми се допадна вкусот на нејзиниот мозок. Одлучив уште еднаш да го пробам. Потоа ставив нејзина крв во чаша”.

Убиството го извршил во станот на неговата жртва, каде планирале заедно да го обележат Меѓународниот ден на жената.

21-годишната Александра Дедова, која била сведок на настанот, рекла дека на вратата од станот имало ѓаволски знак.

“Сакаше да го повикува ѓаволот. Чекаше пет минути, но ѓаволот не се појавуваше. Потоа го скрши нејзиниот череп, зеде дел од мозокот, го испржи и го изеде. Му се допадна, зеде неколку парчиња, а потоа испи чаша од нејзината крв”, вели таа.

 

Обвинителката Олга Бондаренко додава дека “и го исекол стомакот и и ги пресекол ушите”.

Лунчин барал судењето да биде зад затворени врати, но судијата тоа го одби. На ова момче моментално му се суди за “ритуално и канибалско убиство”. Тим од психолози кој работи на неговиот случај напиша во извештаите дека Димитриј има “интелигенција на филозоф”, како и дека го извршил убиството кога добил инспирација за пишување поезија.

Му се заканува доживотна казна.