Американските власти го истражуваат нападот во синагогата во Питсбург во која се убиени 11 лица поради омраза.
Властите наведуваат дека напаѓачот, за кој се зборува дека сакал „сите Евреи да бидат убиени“, извикувал антисемитистички закани додека пукал.
Во обвинението се наведува дека осомничениот Роберт Грегори Бауерс, кој бил вооружан со автоматска пушка АР-15 и три пиштоли, верувал дека „Евреите вршат геноцид над неговиот народ“, односно дека една еврејска организација која им помага на странските државјани да влезат во САД, ги загрозува неевреите во САД, пренесува Гласот на Америка.
Во порака која ја објавил на интернет само неколку минути пред нападот, 46-годишниот Бауеерс напишал дека агенцијата за бегалците Друштво за помош на еврејски имигранти „сака да носи луѓе кои ги убиваат нашите граѓани и вршат инвазија“.
„Не можам да чекам додека не се врши колење над мојот народ. Влегувам“, напишал Бауерс.
Скот Брејди, федералниот обвинител во западна Пенсилванија, изјавил на конференција за новинариде дека властите го третираат нападот како злосторство од омраза.
Инаку во нападот се убиени осум мажи и три жени, во синагогата, а шест се ранети, вклучувајќи и четири полицајци. Подоцна полицијата го ранила и го уапсила Бауерс.