Јавната телевизија РТХК јави дека една коловозна лента во главната улица Толо е расчистена, но дека властите се уште не ја отвориле за сообраќај.
Еден повозрасен маж починал од повредите здобиени кога бил погоден во глава со некаков предмет за време на судирите меѓу приврзаниците на владата и демонстрантите. Владата соопшти дека 70-годишниот чистач бил на пауза за ручек кога го погодил предмет што бил фрлен од демонстрантите.
Неделава во Хонг Конг е забележана ескалација на насилствата со интензитет на уличните пресметки меѓу полицијата и демонстрантите, како и во судирите на универзитетите.
Антивладините протести во Хонг Конг траат повеќе од пет месеци.