Свет 21. април 2020. / 10:18

Дел од учениците во Германија се вратија во училишните клупи

Дел од учениците во Германија се вратија во училишните клупи

Дел од учениците во Германија почнаа да се враќаат во училниците.

Отворени се училиштата за ученици од повисоките класови во Саксонија, Берлин и Бранденбург се веќе отворени. Другите провинции ќе ги отворат училиштата подоцна во текот на неделата, а некои ќе чекаат до почетокот на мај. Одлуката за продолжување на работата во училиштата ќе зависи целосно од локалните власти.

Делумното отворање на училиштата, кои беа затворени минатиот месец како мерка за стопирање на ширењето на корона вирус, беше договорено од канцеларката Ангела Меркел и премиерите на провинциите.

Враќањето на ученици се одвива со стриктно следење на правила за строга социјална дистанца додека децата се во училниците. Во берлинска гимназија учениците беа со маски и ги дезинфицираа рацете пред да седнат на масите, меѓу кои има повеќе простор од вообичаеното.

Германија се наоѓа на петтото место во светот по број на заразени со Ковид-19, со речиси 142.000 случаи, но бројот на смртни случаи е релативно мал – 4.404.