Над 20 цивили загинаа во нападот на меѓународната коалиција, која ја предводат САД, на упориштата на Исламската држава во сириската покраина Дејр ел Зора, објави сириската агенција САНА.
Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон истовремено објави дека во нападот загинале 18 цивили, од кои 12 се деца.
Меѓународната коалиција од 10 септември со воздушни напади им помага на курдските сили од тоа подрачје да ги истиснат борците на Исламската држава.