Свет 21. август 2018. / 11:55

Деца од градинка парадираат облечени како терористи (ВИДЕО)

Деца од градинка парадираат облечени како терористи (ВИДЕО)

Деца од Индонезија на парада во нивната градинка биле облечени како терористите на Исламска држава.

Како што може да се види на видеото што кружи на социјалните мрежи, во прашање е парада организирана по повод индонезискиот Ден на независноста.

На видеото се гледаат девојчиња кои од глава до пети се облечени во црно, а носат и реплики на пушки.

По бурните реакции, градинката јавно се извини.