Свет 04. ноември 2018. / 14:34

Дали Нова Каледонија ќе се отцепи од Франција?

Дали Нова Каледонија ќе се отцепи од Франција?

Прелиминарните резултати од денешниот референдум за независност во Нова Каледонија покажуваат дека повеќето гласачи гласале за зачувување на врските со Франција.

Според резултатите од 202 од вкупно 284 избирачки места, 60 отсто од граѓаните кои излегле на гласачките места во француската прекуморска територија во Тихиот Океан, гласале против независност од Франција, пренесе агенцијата АП.

Оваа територија ужива високо ниво на автономија, а од Франција добива 1,3 милијарди евра годишно преку субвенции за одбрана, полиција, надворешни работи, судство и образование.

Многумина стравуваат дека независноста ќе ја оштети економијата на Нова Каледонија.