Франција размислува да стави вето на договорот помеѓу Белика Британија и Европската Унија по Брегзит.
–Франција може да го искористи правото на вето за да го блокира договорот со Велика Британија по Брегзит, доколку не ги исполни барањата на Париз, особено во врска со риболовот, изјави министерот за европски прашања Клемент Бон.
Бон за радио „Европа 1“ истакна дека тие ќе се спротивстават ако се постигне лош договор, додавајќи дека „секоја држава има право на вето“ на сè што ќе се појави од последните преговори за Брегзит, кои се водат во Лондон.