Свет 15. март 2019. / 20:15

Дачиќ се огласи за нападот во Нов Зеланд

Дачиќ се огласи за нападот во Нов Зеланд

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ го осуди денеска нападот во Нов Зеланд, негирајќи дека напаѓачот има каква и да било врска со Србија.

– Србија нема никаква врска со тоа. – изјави Дачиќ по комантарите во медиумите дека терористот е поврзан со Србија.

Австралијанецот Брентон Тарант, кој уби 49 лица во џамиите во Крајстчарч на своето оружје и кутиите со муниција имал напишани имиња на историски и епски ликови од српското минато, а во манифестот на 74 страници објавил и делови за Србија, Косово и Балканот.