Свет 08. декември 2019. / 20:45

Четврти ден протести: Сообраќајот во Париз парализиран, Макрон се состанува со министрите

Четврти ден протести: Сообраќајот во Париз парализиран, Макрон се состанува со министрите

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на средба  со министрите кои работат на реформа на пензискиот систем, што предизвика штрајк на целата земја и блокираше клучни транспортни услуги.

Сообраќајот во Париз е сè уште парализиран. Штрајкот, кој започна на 5 ноември околу реформата на пензискиот систем, потсетува на штрајк во 1995 година кога, по три недели масовни протести, владата мораше да ја промени својата социјална политика.

Премиерот Едуар Филип рече дека Владата нема да се откаже од најавените реформи.

Ако не спроведеме далекусежни, сериозни и прогресивни реформи денес, тогаш утре ќе бидат многу побрутални – рече Филип.

Францускиот премиер треба да ги објави сите детали за реформата, што вклучува спојување на сите постојни пензиски шеми во една.

Синдикатите велат дека предлогот на Макрон за единствен пензиски систем ќе принуди милиони луѓе во приватниот и јавниот сектор да работат дури и откако ќе наполнат 62 години.

Лидерот на синдикатот ЦГТ, Филип Мартинез, рече дека штрајкот ќе продолжи се додека владата не го повлече планот.

Три најголеми синдикати на железнички работници најавија дека штрајкот ќе се засили утре.