Свет 23. декември 2019. / 14:17

Четворица загинати во пожар во психијатриска болница во Украина

Четворица загинати во пожар во психијатриска болница во Украина

Во пожар кој изби во психијатриска болница во источна Украина загинале четири лица, а три се повредени, соопшти локалната полиција.

Полицијата наведе дека пожарот избил во текот на ноќта во болница во Старобилск, во Луганск.

Пожарникарите два часа го гаселе огнот, додека полицијата и болничкиот персонал евакуирале луѓе од болницата.

За сега не е позната причината за пожарот, а истрагата е во тек.