Свет 24. март 2020. / 14:26

Четворица НАТО војници во Авганистан заразени со Ковид-19, а 38 изолирани со симптоми слични на грип

Четворица НАТО војници во Авганистан заразени со Ковид-19, а 38 изолирани со симптоми слични на грип

Четири новопристигнати војници на НАТО во Авганиста се позитивни на тестовите за Ковид-19, а десетици други се ставени во карантин со симптоми слични на тие од корона вирусот, соопшптија од воената мисија предводена од САД.

Детални информации за четворицата заразени војници ќе биде објавена по дозвола од надлежните државни органи, соопштуваат од НАТО мисијата за одлучна поддршка.

По откривањето на заразените војници, околу 1.500 војници и цивили се ставени во карантин како превентивна мерка. Повеќето од нив неодамна се пристигнати во Авганиостан или, пак, се вратиле од отсуство.

Од војниците ставени во карантин, 38 се изолирани откако покажувале „симптоми слични на грип“ што се чести кај пациентите заболени од Ковид-19.