Свет 29. октомври 2019. / 10:37

Чавушоглу: Ќе ги исчистиме сите терористички елементи кои нема да се повлечат до зададениот рок

Чавушоглу: Ќе ги исчистиме сите терористички елементи кои нема да се повлечат до зададениот рок

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Турција и понатаму ќе се бори против сите терористички организации, вклучувајќи ги и ДЕАШ И ЈПГ/ПКК.

Чавушоглу истакна дека запирањето на операцијата „Извор на мирот“ не значи дека турските сили се повлекуваат од теренот.

Ние сме на теренот и нема повлекување. Ќе ги исчистиме сите терористички елементи кои нема да се повлечат во зададениот рок – рече Чавушоглу, пренесе агенцијата „Анадолија“.

Тој наведе дека постојат одредени сознанија дека терористите на ЈПГ/ПКК за пари ги ослободиле терористите на ДЕАШ од затворите на северот на Сирија и тоа сѐ под плаштот на негодување поради антитерористичката операција која турските сили ја започнаа на 9 октомври.

Сите тие гласини ги следиме и ги проверуваме. Всушност, од терористичка организација каква што е ЈПГ/ПКК, ништо поинакво и не може ниту да се очекува – порача Чавушоглу.

На прашањето да ја прокоментира американската операција во која е неутрализиран водачот на ДЕАШ, Ал Багдади, Чавушоглу рече дека Турција како сојузник ги споделила информациите што ги имала.