Свет 01. септември 2020. / 22:45

Чавушоглу: Грција нè провоцира заземајќи непријателски став

Чавушоглу: Грција нè провоцира заземајќи непријателски став

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека неговата земја е отворена за дијалог со Грција.

Тој дијалог би бил со цел разрешување на спорот околу територијалните права во Источниот Медитеран и ресурсите кои таму се наоѓаат, доколку за таков дијалог е отворена и Атина.

Чавушоглу исто така рекол дека Грција настојува да ја испровоцира Турција заземајќи непријателски став.

Право на водите во Источниот Медитеран, во кои се потенцијалните наоѓалишта на јаглеродни горива, полагаат Турција и Грција.