Свет 21. ноември 2018. / 09:39

Чавушоглу: Целосно да се расветли убиството на Кашоги

Чавушоглу: Целосно да се расветли убиството на Кашоги

Турскиот министерот за надвореши работи на Турција, Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција не го гледа убистовото на саудискиот новинар Џамал Кашоги како политичко прашање, туку како убиство кое треба да биде расветлено до крај и дека е потребно да се дознае кој го наредил тоа.

,,Турција е истрајна за целосно расветлување на убиството на Кашоги, а тоа им го кажавме и на САД”, изјави Чавушоглу по средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Според него, потребно е да се дознае кој го наредил убиството на Кашоги, бидејќи има многу прашања на кои нема одговор во врска со овој случај. Кашоги беше убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.