Бројот на загинати во ерупцијата на вулканот на Нов Зеланд се зголеми на 19, откако уште едно лице починало во болницата во Окланд, соопшти локалната полиција.
Во моментот на ерупцијата на вулканот на 9 декември, на островот имало 47 лица, од кои 13 починале веднаш, додека повеќе од 20 беа хоспитализирани со изгореници.
Досега не се пронајдени тела на две лица за кои постои сомнеж дека исчезнале во морето по ерупцијата.