Кога луѓето ќе се вратат на работа по завршувањето на рестриктивните мерки, возењето со јавен превоз во Лондон ќе изгледа многу поинаку отколку пред епидемијата, затоа што бројот на корисници ќе се намали за 85 проценти.
Властите посочуваат дека поради мерката за почитување на физичката дистанца, градскиот превоз во Лондон, во нормални услови, ќе може да го користат само од 13 до 15 проценти од вкупниот број патници.
Корисниците на јавниот превоз во Лондон ќе бидат за 85 проценти помалку дури и кога сите возила се во оптек, а тоа се однесува и на метрото и на автобусите, јавуваат британските медиуми.