Свет 10. јули 2019. / 16:51

Британскиот амбасадор во САД си поднесе оставка

Британскиот амбасадор во САД си поднесе оставка

Ким Дерок, британскиот амбасадор во САД, кој ја критикуваше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе оставка. Освен администрацијата тој жестоко го критикува и претседателот Трамп, нарекувајќи го некомпетентен и неспособен, пренесува „Спутник“.

Не веруваме баш дека оваа администрација ќе стане суштински понормална, помалку дисфункционална, помалку непредвидлива, помалку поделена, помалку дипломатски несмасна и неспособна – напишал Дерок во еден од големиот број на обелоденети документи.

Британскиот Форин офис не ја оспори автентичноста на овие документи, но наведе дека нивното објавување претставува „штетно однесување“ и дека јавноста очекува дипломатите да дадат искрени проценки на политиката во земјата во која се на служба.

Од Спутник посочуваат дека британскиот естаблишмент од петни жили се труди да ја намали штетата предизвикана од обелоденувањето на доверливите документи на британскиот амбасадор во САД, во кои тој жестоко го критикува Трамп. Но и покрај сè, јасно е дека се поголем дел од истиот тој естаблишмент се согласува со сè што е речено во документот.