Свет 09. јуни 2020. / 15:10

Британската влада разгледува можност училиштата да останат затворени и по септември

Британската влада разгледува можност училиштата да останат затворени и по септември

Британскиот министер за здравство Мет Хeнкок изјави дека е можно основните училишта во Англија да не бидат целосно отворени дури и по септември, иако заразата со корона вирусот во Велика Британија оди во надолна линија.

Хенкок на прес-конференција соопшти дека моменталниот план за работа на Владата е основните училишта во Англија да бидат отворени најрано во септември. Сепак, Хенкок појасни дека се разговара и за опцијата за отворање по овој рок.

Некои локални власти се спротивставуваат на повторното отворање на училиштата, бидејќи сметаат дека ќе биде невозможно да се заштитат наставниците и учениците од вирусот, од кој во земјата починаа повеќе од 40.000 луѓе.

Министерството за образование соопшти дека имаат желба сите деца од основно образование да се вратат на училиште пред летните одмори, но не негираа дека оваа желба не може да се исполни.