Велика Британија, Германија и Франција побараа од Советот за безбедност на ООН денеска да одржи седница зад затворени врати.
Седницата се бара поради последниот случај на лансирање ракета на Северна Кореја, соопштија дипломатски извори.
Северна Кореја вчера испука две балистички ракети со краток дострел, само неколку дена откако Пјонгјанг истрела две слични ракети со намера да изврши притисок врз Јужна Кореја и САД за да ги спречи да одржат воена вежба, објави Ројтерс.
–Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш оцени дека постапките на Пјонгјанг „се само уште еден потсетник за важноста за обновувањето на разговорите за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров – им рече на новинарите портпаролот на ООН, Стефан Дижарик.