Свет

Брисел: Додека Трамп дели „заушки“на самитот на НАТО, Меланија Трамп се релаксира на концерт

Брисел: Додека Трамп дели „заушки“на самитот на НАТО, Меланија Трамп се релаксира на концерт

И додека нејзиниот сопруг на самитот на НАТО ги критикува сојузниците дека не трошат доволно на заедничката одбрана, првата дама на САД, Меланија Трамп реши да се релаксира и да прошета низ белгиската престолнина. Таа ја посети музичката академија Квин Елизабет мјузик чепл во Ватерлоу, во близина на Брисел.

Сопругата на американскиот претседател, како што пренесуваат светските медиуми, на себе имала тегет фустан од модната куќа „Келвин Клајн“ со бели и зелени детаљи и бели чевли на Кристијан Лобутин.

Меланија била во друштво на првите дами на Франција и на Турција, Брижит Макрон и Емине Ердоган, кои биле дочекани од партнерката на белгискиот премиер Шарл Мишел, Ингрид Шулеруд. Првите дами уживале во концертот за клавир и виолина.