Свет 06. март 2020. / 12:20

Бомбаш-самоубиец изврши напад врз амбасадата на САД во Тунис

Бомбаш-самоубиец изврши напад врз амбасадата на САД во Тунис

Во близина на американската амбасада во Тунис денеска е извршен самоубиствен бомбашки напад.

Според локалните медиуми, напаѓачот го активирал експлозивот што го носел на себе додека управувал со мотор, насочувајќи го кон безбедносната патрола на патот, кој води кон дипломатското претставништво на САД.

Засега нема детални информации за нападот.