Поранешниот адвокат на претседателот на САД Доналд Трамп, Мајкл Коен, е осуден на три години затвор поради лажење во истрагата и кршење на прописот за финансирање на предизборна кампања.
Коен пред судот изјавил дека презема целосна одговорност за сите дела кои му биле ставени на терет. Според неговите зборови „слепата послушност“ кон Трамп го одведе „на патот кон темницата, наместо кон светлината“.
Адвокатот на Коен изјавил дека неговиот клиент изнел докази против најмоќниот човек во земјата.