Свет 24. ноември 2020. / 10:15

Бил Гејтс сигурен: Речиси сите вакцини ќе бидат произведени до февруари

Бил Гејтс сигурен: Речиси сите вакцини ќе бидат произведени до февруари

Основачот на Микрософт, Бил Гејтс, верува дека речиси сите вакцини за коронавирусот ќе бидат ефикасни до февруари, откри за Си-Ен-Ен.

– Верувам дека до февруари следната година ќе се докаже дека вакцините од пет фирми кои упорно работат на тоа се ефикасни и сигурни. Сè уште расте бројот на новозаразени и се очекува тоа да продолжи буквално до февруари, а тоа во САД би можело да значи повеќе од две илјади починати дневно, рече Гејтс.

Toj советуваше препорачувајќи мерки за заштита до тогаш:

– Носете маски. Издржете до пролет бидејќи тогаш со вакцината навистина ќе почне да се намалува бројот на новозаразени, а ќе помогне и промената на времето на потопло. Мора да се потрудиме вакцините да не се потрошат залудно. Мислам дека ќе има доволно луѓе кои веднаш ќе се вакцинираат. Потоа тие би привлекле други и со текот на времето ќе се дојде на ниво од 70 отсто кои се потребни за да се спречи ширењето на болеста.

На крајот на интервјуто за Си-Ен-Ен Бил Гејтс зборуваше за Денот на благодарноста и откри дека со некои членови на неговото семејство ќе биде на видео врска за да се намали ризикот од коронавирусот.