Свет 20. јуни 2018. / 22:56

Безбедносните сили во јужна Турција пронајдоа 125,5 килограми хероин скриен во камион

Безбедносните сили во јужна Турција пронајдоа 125,5 килограми хероин скриен во камион

Турските безбедносни сили запленија 125,5 килограми хероин скриен во камион, кој патувал на автопат во јужниот округот Османие, информираат полициски извори.

Камионот бил запрен за проверка и за време на претресот била пронајдена голема количина хероин. Возачот на камионот е уапсен.

Во Анкара денеска се спроведени неколку операции против наркотици. Во акциите, насочени против дилери на дрога, биле запленети 1,5 килограми хашиш, 600 грама хероин и кокаин.

Акциите биле спроведени со поддршка на полициски хеликоптер. Голем број дилери се уапсени.