Свет 12. февруари 2021. / 11:46

Без работа би можеле да останат здраствените работници во Ирска, ако одбијат вакцина

Без работа би можеле да останат здраствените работници во Ирска, ако одбијат вакцина

Здравствените работници во Ирска кои одбиваат да примат вакцина против коронавирус би можеле да останат без работа, пишува „Ајриш тајмс“.

Извршниот директор на Ирската здравствена служба, Пол Рајд изјави дека е „непростливо“ секој здравствен работник што работи со пациенти да не ја прима вакцината.

Рајд додаде дека секој има право да ја одбие вакцината, но дека Законот за здравје и безбедност им овозможува на вработените да бидат отстранети од работното место доколку тие претставуваат опасност за другите луѓе.