Свет 30. април 2019. / 17:53

Берлускони е пренесен во болница во Милано

Берлускони е пренесен во болница во Милано

Поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони, кој во средината на месецов објави дека ќе се кандидира за претстојните европски избори сонамера „длабоко да ја реформира“ Европската унија – заврши во болница.

„Кориере дела сера“ наведува дека состојбата на 82 годишниот Берлускони засега е непозната, додека „Република“, повикувајќи се на неименувани извори, пишува дека тој е пренесен во болница во Милано.

Ројтерс објави дека екс-премиерот на Италија е хоспитализиран заради болки во стомакот, додека пак, други медиуми шпекулираат дека Берлускони е примен во болница поради болки во бубрезите.